Кои хороскопски знаци најчесто добиваат на игри на среќа и лотарија?

Анализата на навиките и карактерот издвојува шест знаци кои со упорност, силна интуиција или чист инает ги бркаат добивките на игрите на среќа.

Астролозите издвојуваат шест хороскопски знаци кои најчесто стигнуваат до добивки на игрите на среќа, од поситни износи на инстант-лозови до милионски премии. Според астролошките анализи објавени за „Бест лајф“, комбинацијата од вродена упорност, интуиција и отвореност кон ризик ги става Бикот, Рибите, Стрелецот, Лавот, Овенот и Вагата чекор поблиску до уплатените ливчиња и главните премии.

Земјениот Бик важи за знак кој природно сака финансиска сигурност, но до добивките не брза на слепо. Астрологот Лорен Де Голија посочува дека Биковите имаат вградена привлечност кон парите и знаат трпеливо да го чекаат својот момент. Ракел Родригез од платформата „Јур Зодијак“ дополнува дека нивниот непоколеблив пристап и пресметано носење финансиски одлуки им даваат силна предност при играњето.

Кај Рибите приказната е потполно поинаква. Овој знак се потпира исклучиво на претчувство. Астрологот Рејчел Клер од „Мистик сенс“ објаснува дека нивната поврзаност со соништата и суптилните знаци од околината им помага при изборот на добитните комбинации. Под влијание на Нептун, Рибите често следат внатрешен глас кој тешко се објаснува со логика, но резултира со погодок.

Стрелците влегуваат во игра водени од чист авантуризам и непоправлив оптимизам. Тие редовно ги менуваат стратегиите, истражуваат нови комбинации на броеви и не пропуштаат прилика за ново ливче. Како прилагодлив знак, Стрелецот лесно го менува правецот и игра сè додека не види резултат на хартија.

Огнот на Лавот и Овенот носи поинаква енергија на уплатното место. Лавовите веруваат во својата ѕвезда и едноставно одбиваат да се помират со пораз. Родригез наведува дека самодовербата и харизмата често ги водат до поволни исходи во игрите на среќа. Овенот пак оди до крајност со својот натпреварувачки дух. Тој не се откажува, игра со силна волја и очекува победа во секој циклус.

Вагата е единствениот воздушен знак на оваа листа, а нејзиниот адут е потрагата по животен баланс и праведност. Според астрологот Рејчел Клер, Вагите со своето дипломатско однесување и избегнување конфликти собираат сериозни кармички поени. Во астролошкото толкување, токму таа позитивна рамнотежа често се враќа назад во форма на неочекувана парична добивка или среќен погодок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс