По повод 35 години постоење на Канал 103 настапуваат BÖ.SENBERG и Electric Rastrello

По повод одбележувањето на 35 години постоење на Радио Канал 103, јубилејната програма продолжува со нов музички настан посветен на современата и алтернативната сцена.

По повод одбележувањето на 35 години постоење на Радио Канал 103, јубилејната програма продолжува со нов музички настан посветен на современата и алтернативната сцена.

Во четврток, со почеток во 21:00 часот, во подрумот на „Буква“ ќе настапат BÖ.SENBERG од Франција и Electric Rastrello од Италија, два европски музички проекти со специфичен и експериментален звук.

BÖ.SENBERG е соло проект на францускиот тапанар Vincent Redel, познат по уникатниот пристап кон звукот, каде преку тапани и ефект-педали создава интензивна комбинација на техно и индустријален израз.

Со над 250 настапи во повеќе од 20 земји, проектот се смета за силна и енергична форма на современа електронска и танцова музика со експериментален карактер.

Од друга страна, Electric Rastrello, составен од Mattia Benuzzi и Luciano Turella, носи хибриден звук кој спојува електронска клупска сцена со сурова изведба, комбинирајќи техно, индустријал и диско елементи со панк енергија и јасна политичка порака.

Настанот е дел од пошироката програма за јубилејот на Стотројка, радио кое веќе 35 години функционира како простор за слободна мисла, независна култура и алтернативна музичка сцена. Дизајнот на постерот е дело на Кристијан Новковски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни