Камерниот оркестар на НОБ во Виена доби силен аплауз

Вчеравечер во познатата Почесна сала (Ehrbar Saal) во Виена се одржа концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, чиј настап, многубројната публика го поздрави со долг аплауз.

 На концертот, на кој присуствуваа и македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници од дипломатскиот кор, Камерниот оркестар на НОБ, под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, изведе композиции од: Пучини, Бритен, Цанев, Аврамовски, Имери и Шуплевски.

 Специјална гостинка на вечерта беше истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј настап ја збогати уникатната можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурна размена и промоција на македонската уметност во светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни