Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон добил нова, подобрена понуда од Иран, само неколку минути по одлуката да се откажат планираните преговори во Пакистан. Според Трамп, првично бил испратен документ кој „требало да биде подобар“, но вистинската промена дошла веднаш по откажувањето на патувањето на американските претставници.
„Во рок од 10 минути добивме нов документ кој беше многу подобар“, изјави тој пред новинарите.
Клучниот услов на САД, нагласи Трамп, останува непроменет Иран мора да даде јасни гаранции дека ќе се откаже од нуклеарно оружје. Во меѓувреме, од Министерството за одбрана на Иран порачаа дека САД бараат начин да го завршат притисокот врз Техеран, оценувајќи дека нивните обиди да ја ослабат воената моќ на земјата не успеале.
Трамп дополнително објасни дека одлуката за откажување на патувањето на неговите пратеници, меѓу кои и Стив Виткоф и Џаред Кушнер, била донесена поради, како што рече, „недоволна јасност“ околу тоа кој носи одлуки во иранското раководство.
Оваа неизвесност, според него, сериозно го отежнала преговарачкиот процес и ја довела во прашање ефективноста на разговорите.