Создавањето мраз во замрзнувачот е чест проблем во домаќинствата и најчесто настанува поради прекумерна влага која влегува во уредот, како и поради неправилно складирање на храната. Иако често се занемарува, овој проблем може да ја намали ефикасноста на замрзнувачот и да ја зголеми потрошувачката на електрична енергија.
За да се спречи создавање мраз, важно е храната да биде правилно спакувана и добро затворена, особено кога се чува во кеси или садови, со што се намалува количината на влага што влегува во внатрешноста на уредот.
Доколку мразот веќе се има создадено, првиот чекор е целосно одмрзнување на замрзнувачот и темелно чистење на внатрешните површини. По отстранувањето на мразот, треба да се избрише целата влага за да не дојде до повторно создавање на лед.
Како едноставен трик кој често се споменува за превенција, се наведува нанесување тенок слој масло на внатрешните ѕидови на замрзнувачот. Маслото создава заштитен слој кој ја намалува кондензацијата и задржувањето на влагата, со што се спречува формирање на мраз.
Исто така се препорачува да не се отвора вратата на замрзнувачот премногу често, бидејќи влезот на топол воздух ја зголемува кондензацијата. Важно е и уредот да не биде преполн, за да може воздухот слободно да циркулира и да се одржува стабилна температура.