Две лица загинаа, а повеќе се тешко повредени откако автобус со српски регистарски таблички утрово се преврте на автопатот А3 во Хрватска, јавува ХРТ, повикувајќи се на полицијата.
Несреќата се случила околу 7.25 часот, непосредно по клучката Иваниќ-Град, во правец кон Загреб.
Во автобусот се наоѓале 33 патници и двајца возачи. На местото биле испратени итните служби, а во интервенцијата бил вклучен и хеликоптер. Според ХРТ, на терен биле седум противпожарни возила и 15 пожарникари.
Причината за превртувањето засега не е утврдена.
