Каде презимуваат птиците преселници?

Мистеријата како птиците се ориентираат од секогаш ги фасцинирала луѓето, од античко време па сè до ден денес. И покрај развојот на науката и технологијата сè уште не е доволно проучена оваа мистерија. Познато е дека одредени видови за да се ориентираат го користат магнетното поле на Земјата, додека други се ориентираат врз основа на положбата на ѕвездите.

На есен, кога заладува, птиците преселници летаат кон топлите, јужните краеви. Сепак илјадниците километри кои ги прелетуваат ластовичките или штрковите се голем предизвик и напор за нив, бидејќи птиците губат скоро четвртина од нивната тежина.

Од едниот на другиот континент, преку Средоземско, избегнувајќи ги мрежите на ловците кои најмногу ги има на Малта и Кипар, птиците преселници се доближуваат до големата и сушна Сахара. Знаејќи дека тука не можат да најдат храна со последни сили летаат до првите савани, каде конечно можат нешто да јадат и да ја вратат енергијата.

На овој пат птиците се под постојан ризик од опасности, лоши временски услови или природни катастрофи на подрачјата во кои се одмараат или презимуваат. Тука се и тешко надминливите препреки како високите згради, далековидите, но тука се и силните градски осветлувања кои ги збунуваат. Се проценува дека секоја година стотици милиони птици страдаат за време на нивната долга и тешка преселба.

„Целата преселба е условена од потрагата по храна и соодветно место за гнездење“, објаснува орнитолог Драган Симиќ, од Лига за орнитолошки акции Србија.

Потрага за храна

Во текот на зимските месеци дневната светлина е кратка, недоволна за птиците да можат да си обезбедат храна. Затоа голем број на птици од северните и умерените предели го напуштаат местото каде се гнездат. Многу видови птици кои живеат во умерените области на планетата не можат да ги преживеат неповолните временски прилики кои се најизразени во есента и зимата, но и раната пролет. Тоа се должи на тешко достапната храна, но и поради ниските температури.

Ладниот период од годината е посебно неповолен за птиците кои се хранат со инсекти, влекачи или водоземци кои во тоа време не се активни. Во такви услови не можат да преживеат ниту птиците кои се хранат со риби, бидејќи голем дел од водените површини се замрзнати.

„Според нас птиците се селат на југ, но ако живеете, на пример, во Кејп Таун, тогаш ќе речете дека летаат на север, кон еквиторијалните региони“, објаснува орнитолог Симиќ.

За време на преселбата птиците летаат во големи јата, па не се ретки ситуациите поедини авиокомпании да ги одложуваат, односно менуваат распоредите на летање. Тоа е така, бидејќи праксата покажала судири на јата птици со авиони. Жителите на Истанбул, градот на Босфорот, можат да посведочат „наезда“ на галеби и пеликани, кои во одреден период од годината се чини дека го „окупираат“ градот.

Правци на преселба

На повеќето луѓе име познато дека некои видови птици, како ластовици и штркови, се селат на југ, во Африка.

Сепак, преселбата на различни птици се одвива во различни правци. Многу видови, посебно водените птици, од Источна Европа заминуваат на бреговите на Медитеранот и Атлантикот. Другите видови птици пак го населуваат најјужниот регион на Средоземното море, Гилбралтар, Босфор и Суец. Нивната крајна цел е Африка.

Најчесто птиците преселници поминуваат долги релации, но за некои видови тоа е растојание од само неколку стотина километри. На пример такви се лебедите кои се селат долж Панонската низина и средна Европа.

„На пример, Дунав не е само коридор, туку и мамка за престој во текот на зимата, бидејќи никогаш не замрзува, а тоа го знаат птиците“, објаснува Симиќ. Малку е познато дека, освен некои видови што се преселуваат на југ, постојат и видови кои зимата ја поминуваат во нашите краеви. Поради поволните временски услови во нашите региони и во текот на зимата остануваат околу 300.000 птици.

Птичји компас

Штрковите, птиците грабливки, жеравите и останати големи птици, кои се потпираат на воздушните струи при летање, најчесто користат коридори кои се протегаат над најтесните делови на морето. За повеќето мали птици, шумите, појасите со грмушки, трските или дури зелените површини во населените места имаат клучна улога во трасирањето на правецот на летање.

Мистеријата како птиците се ориентираат од секогаш ги фасцинирала луѓето, од античко време па сè до ден денес. И покрај развојот на науката и технологијата сè уште не е доволно проучена оваа мистерија. Познато е дека одредени видови за да се ориентираат го користат магнетното поле на Земјата, додека други се ориентираат врз основа на положбата на ѕвездите.

Сепак, се верува дека голем број видови птици се ориентираат според клучни точки како реки, планини, езера и мочуришта, чија локација ја паметат многу добро и ја следат за време на миграцијата. Во денешно време, кога изгледот на пејзажот брзо се менува поради човековото дејствување, миграцијата на многу видови станува се потешка и понеизвесна.

Миграцијата на повеќето видови птици е тежок процес, бидејќи не застануваат скоро никаде. Преселниците обично одмораат во области богати со храна, вода или локации се само безбедни. За европските птици, особено важни места за одмор се бреговите на езерата и мочуриштата во јужна Европа, островите во Средоземното Море и оазите во Северна Африка. Местата за одмор или т.н преселни станици се од непроценливо значење за успешна миграција на птиците.

За жал, многу од традиционалните места за одмор на птиците преселници се целосно уништени или оштетени како последица на човековата активност – развојот на земјоделството, индустријата и туризмот. Поради ова, птиците често немаат доволно сила за успешно да стигнат до своите крајни дестинации.

Градски и селски ластовички

Возрасната градска ластовичка е долга 13 см, со распон на крилјата од 26 до 29 сантиметри и просечно тежи околу 18.3 грама. Градската ластовица лета со просечно 4.4 замавнувања во секунда. Овој вид лови на просечна висина од 21м за време на сезоната за парење, но во влажни услови пониско. Најчесто ловат во регион од околу 450 м од леглото. Најомиленото живеалиште на градската ластовичка се отворените простори со ниска вегетација, како пасишта, ливади и ниви блиску до вода, иако може да се најде во планини со висина најмногу до 2 200 метри.

Селската ластовичка (науч. Hirundo rustica) — најраспространет вид од семејството ластовици во светот. Возрасната машка селска ластовичка од подвидот H. r. rustica е 17–19 сантиметри долга вклучувајќи 2–7 сантиметри од продолжените надворешни перја на опашката. Има распон на крилја од 32 до 34.5 см и тежи 16–22 грама. Женката е слична во изглед со мажјакот, но опашните перја ѝ се пократки.Селската ластовичка има енормно голема распространетост и популација. Распространета е на 5,1 милиони квадратни километри и има 190 милиони единки.

Штрковите се неми, не испуштаат гласови, а комуницираат со штракање на клунот

Штрковите (науч. Ciconiidae) се фамилија птици од редот на штрковидите. Белиот штрк е добро познат и лесно препознатлив по своите бели пердуви, црни врвови на крилјата и опашката, долги нозе и долг црн клун. Во големо гнездо женката снесува пет јајца. За јајцата како и за младите птички, се грижат двата родители. Гнездото може да биде и до 2 метра во пречник и околу 3 метра длабоко. Тие се моногамни, но не онака како што се мислело за нив порано. Можно е да го сменат партнерот по преселбата, или да се селат без својот партнер. Нивното доживување како верни партнери потекнува од митологијата и културата, а не од реалниот живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни