Европа изгуби 27 милијарди евра за 60 дена поради енегертската криза

ЕУ за 60 дена платила над 27 милијарди евра повеќе за увоз на фосилни горива, што според Урсула фон дер Лајен покажува колку скапо ја чини Европа енергетската зависност.

Европската Унија губи речиси 500 милиони евра дневно поради поскапувањето на увозот на фосилни горива, предупреди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќање пред Европскиот парламент за кризата на Блискиот Исток и растот на цените.

Таа посочи дека за само 60 дена конфликт, европската сметка за увоз на фосилни горива се зголемила за повеќе од 27 милијарди евра, без ЕУ да добие дополнителна количина енергија. Според фон дер Лајен, ова е уште еден доказ дека Европа не може да остане премногу зависна од увезена енергија во период на геополитичка нестабилност.

„Патот напред е јасен“, порача таа, нагласувајќи дека Унијата мора да ја намали зависноста од увезени фосилни горива и да го зголеми домашното производство на чиста енергија, од обновливи извори до нуклеарна енергија, со почитување на технолошката неутралност. Фон дер Лајен порача дека „сега е време да се електрифицира Европа“.

Во говорот таа ја поврза европската енергетска безбедност со стабилноста на Блискиот Исток, особено со слободата на пловидба низ Ормускиот теснец. Како пример за поголема отпорност ја посочи Шведска, каде нискоемисионите извори, обновливата и нуклеарната енергија, значително го ублажуваат ударот од растот на цената на гасот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни