Black Coffee доаѓа во Скопје: На 19 јуни АРМ ќе биде центар на afro-house магијата

Греми добитникот и светска ѕвезда на afro-house сцената, ова лето ќе настапи на Стадионот на АРМ.

Еден од највлијателните диџеи и продуценти на современата електронска сцена, Black Coffee, доаѓа во Скопје на 19 јуни, со настап на Стадионот на АРМ со почеток во 22 часот.

Организаторите го најавуваат како едно од најголемите музички случувања ова лето, под името „The Ultimate Black Coffee Experience“. Настанот ќе се одржи на отворено, на една од најпознатите летни концертни локации во Скопје.

Black Coffee е добитник на Греми и еден од артистите кои имаат клучна улога во глобалниот подем на afro-house звукот. Од големи фестивалски сцени до распродадени соло концерти во Madison Square Garden и О2 Арена, неговите настапи важат за силно музичко и визуелно доживување.

Според најавата, Македонија и регионот ова лето ќе имаат можност да го видат артистот кој во моментов се смета за едно од најактуелните имиња на светската електронска сцена.

Повеќе информации за редовните влезници, цените и ВИП пакетите ќе бидат објавени во понеделник, 4 мај, во 11 часот. Продажбата на билети започнува во вторник, 5 мај, во 10 часот, онлајн преку avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни