ПОЦ се сертифицираше по меѓународни ISO стандарди за подобра ефикасност и заштита на средината

Паркинзи на Општина Центар ги доби сертиикатите ISO 9001 и ISO 14001, со што претпријатието воведува јасни процедури и повисоки еколошки стандарди во секојдневното работење.

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ) официјално ги воведе меѓународните стандарди ISO 9001:2015 за управување со квалитет и ISO 14001:2015 за управување со животната средина. Сертификатите му беа врачени на директорот Душко Коцевски од страна на сертификациското тело „Интерцерт“. Овој чекор е дел од стратешката определба на претпријатието за подобрување на работните процеси, поголема ефикасност и воведување еколошки практики во секојдневните активности.

Сертификацијата ги потврдува напорите на претпријатието за воспоставување високи стандарди во работењето преку конкретен ангажман на повеќе служби. Стандардот ISO 9001:2015 гарантира подобрување на работните процеси, поголема организираност и зголемување на задоволството на корисниците на услугите.

„За нас овие сертификати не се само формално признание, туку воспоставен систем според кој треба да продолжиме да работиме – со јасни процедури, мерливи резултати и постојано подобрување“, изјави директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски, за време на официјалното предавање на сертификатите.

Паралелно со квалитетот на услугите, претпријатието го имплементираше и стандардот ISO 14001:2015, кој се фокусира врз заштитата на животната средина. Овој пат воработувањето овозможува поодговорно управување со ресурсите, унапредување на еколошките практики и намалување на негативното влијание врз околината.

Со ова, ЈП ПОЦ се насочува кон подобрување на своите услуги за граѓаните, следејќи ги современите меѓународни практики за управување во јавниот сектор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс