Наш гостин е Јеткин Сезаир – млад актер од ансамблот на Турскиот театар во Скопје и едно од имињата што сè почесто привлекуваат внимание на домашната театарска сцена.
Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во класата на проф. Елјеса Касо, а неговата посветеност и талент неодамна беа крунисани со едно од најзначајните признанија за млад актер. На годинашното, 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, Јеткин ја доби наградата „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер, за својата впечатлива изведба на ликот на Моцарт во претставата „Амадеус“.
Во новата епизода на РеТрн разговараме за актерството, театарот, предизвиците на младите актери и чувството кога трудот ќе биде препознаен од стручната јавност.
Јеткин Сезаир во РеТрн – разговор со актер чија приказна допрва се развива, а чие име веќе се запишува меѓу најинтересните млади лица на македонската театарска сцена.