Тридневен спој на џез, уметност и вино во Бруклински

Фестивалот обединува музика, визуелна уметност и винска култура во тридневна програма посветена на сетилата и добрата атмосфера.

Од утре, од 22 до април, во Бруклински џез бистро, ќе се одржи JAZZ FEST ART&WINE, три дена во кои ќе се слават уметноста низ џез музиката и сликарството и уметноста на правењето и уживањето на виното.

Во концертната програма ќе настапат Орган Трио (22 април) со Филип Динев (гитара), Гордан Спасовски (органа) и Виктор Филиповски (тапани), Скопје Џез Инк (23 април) со Зоран Костадиновски (гитара), Трајче Велков (труба), Виктор Филиповски (тапани) и Горан Гешовски (гитара), Хот Џез Оркестар (23 април) со Иво Солдатовиќ (кларинет), Андреј Момировски (гитара), Бојан Петков (гитара) и Александар Ниниќ (труба) и на 24 април – Оливер Јосифовски Трио со Оливер Јосифовски (бас), Сашо Поповски (гитара) и Алек Секуловски (тапани).

За време на JAZZ FEST ART&WINE со свои дела ќе се претстави академската сликарка Сунчица Станковска со циклусот слики и скулптури „Музичари“, работни во различни техники.

Винаријата Душа е поддржувач на оваа манифестација која како и творците на џезот верува дека виното не е само пијалок, туку искуство што ја носи душата на луѓето кои го создаваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни