Jazz Factory Festival од Битола на меѓународната џез сцена на најзначајниот фестивал во Франција

Од Битола до Vienne, Jazz Factory Festival градиме меѓународни мостови преку џезот, велат од фестивалот

Од 30 јуни до 3 јули 2026 година, Jazz Factory Festival ќе учествува на International Jazz Forum, кој се одржува во рамките на престижниот фестивал Jazz à Vienne во Франција – еден од најзначајните и најреномирани џез фестивали во Европа.

International Jazz Forum претставува место каде што се среќаваат директори на фестивали, букинг агенти, продуценти, музичари, медиуми и културни институции од Европа и светот. Преку професионални средби, конференции, работилници, презентации и бројни можности за вмрежување, Форумот создава нови партнерства и ја поттикнува меѓународната соработка во областа на џез музиката.

„Нашето учество претставува значаен чекор во интернационализацијата на Jazz Factory Festival , но и во промоцијата на македонската џез сцена пред европската и светската професионална јавност. Особено сме горди што оваа година ќе ја претставиме Националната џез платформа на Македонија, иницијатива креирана од Jazz Factory Festival , чија цел е да ја зголеми видливоста, мобилноста и меѓународното присуство на македонските џез музичари и професионалци. Преку оваа платформа создаваме нови можности за соработка, размена, гостувања и поврзување со европските и светските џез мрежи“, истакнува директорот на Џез фактори фестивалот, Сашо Поповски.

Во Vienne ќе бидат претставени потенцијалот, креативноста и квалитетот на современата македонска џез сцена, ова е можност како што додава Поповски за нови партнерства и создавање можности што ќе придонесат за понатамошниот развој и интернационализација на домашниот џез. Секое ново партнерство е нова можност. Секој нов контакт е чекор поблиску до посилно меѓународно присуство на македонскиот џез.

Од Битола до Vienne, Jazz Factory Festival градиме меѓународни мостови преку џезот, велат од фестивалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс