Надреално: James Zabiela доаѓа на Пелинце

Лондонскиот диџеј и продуцент James Zabiela за првпат доаѓа на фестивалот „Пикник у Пелинце” – два дена музика, уметност и летен вајб на 20 и 21 јуни 2026 во Меморијалниот центар АСНОМ кај Куманово.

Шестото издание на фестивалот „Пикник у Пелинце” ќе се одржи на 20 и 21 јуни 2026 година во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце кај Куманово, а главна атракција ќе биде настапот на лондонскиот диџеј и продуцент James Zabiela – светски признат виртуоз зад диџеј пултот, кој за првпат ќе настапи на овој фестивал.

Фестивалот „Пикник у Пелинце” е целодневен летен музички настан кој се одржува секое лето, а ова ќе биде неговото шесто издание. Покрај музиката, посетителите можат да очекуваат богата програма која опфаќа уметност, игри, храна и пијалоци, а предвидена е и камп зона за сите кои сакаат да го продолжат доживувањето и преку ноќ.

Во музичката програма ќе настапат домашни и интернационални изведувачи, кои заедно со Zabiela ќе бидат задолжени за вистинска летна забава. Организаторите ветуваат два дена исполнети со музика и позитивна енергија на едно од најубавите фестивалски места во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни