Јахтата на најбогатиот Русин помина низ Ормус, Мерц: Цела нација е понижена

Иран ѝ предложил на САД повторно отворање на Ормускиот теснец и крај на војната, но на Доналд Трамп предлогот не му се допаѓа.
Foto: EPA

САД и Иран остро се судрија во Обединети нации околу нуклеарното оружје, Јахтата на најбогатиот Русин помина низ Ормус, Фридрих Мерц: Америка е надмудрена и понижена и Американски функционер: Трамп не го прифаќа иранскиот предлог.

На конференцијата за неширење на нуклеарно оружје, амбасадорот До Хунг Виет предупреди дека глобалниот систем за неширење се наоѓа во најтешкиот период во последните децении. Конференцијата се одржува во Њујорк и собира дипломати од целиот свет. САД и Иран влегоа во жестока расправија во Обединети нации откако Техеран беше именуван за потпретседател на конференцијата. Вашингтон тоа го нарече „срамота“, а Иран возврати со критики за американската политика.

Во меѓувреме, Суперјахтата „Норд“, во сопственост на рускиот милијардер Алексеј Мордашов, поминала низ Ормускиот теснец и покрај ограничувањата. Пловилото испловило од Дубаи и се упатило кон Оман. Според податоците од системите за следење бродови, во истиот период низ теснецот поминале и други пловила, вклучувајќи танкери под санкции. Мордашов, сопственик на „Северстал“, важи за најбогат човек во Русија, со богатство од околу 37 милијарди долари.

Американскиот државен секретар Марко Рубио во меѓувреме изјави дека има „охрабрувачки знаци“ за договор за демилитаризација на Хамас, со посредство на Египет и Турција. Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека добил порака од новиот ирански врховен лидер Мојтаба Хаменеј. Тој нагласи дека Русија ќе поддржи брзо постигнување мир.

Совет за безбедност на ОН расправаше за кризата во Ормус, каде што илјадници бродови се блокирани. Генералниот секретар Антонио Гутереш предупреди дека ситуацијата сериозно ја загрозува глобалната енергетска стабилност. Сепак, конкретни мерки не беа донесени, бидејќи претходна резолуција беше блокирана од Кина и Русија.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека САД се „понижени“ од страна на Иран, додавајќи дека Техеран ја надмудрува администрацијата на Доналд Трамп.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни