Израел го уби синот на главниот преговарач на Хамас

Калил ал – Хаја важи за главен преговарач на групата во разговорите за иднината на Газа, потврдија од Хамас

Азам Калил ал-Хаја, син на членот на политичкото биро на Хамас, Калил ал-Хаја, бил убиен во израелски напад врз градот Газа во среда. Неговиот татко претходно потврди дека Азам е ранет, но смртта подоцна ја потврдија извори во болницата Ал-Шифа и функционерот на Хамас, Басим Наим, објави Ал Џезира.

Калил ал – Хаја важи за еден главен преговарач на групата во разговорите за иднината на Газа,.

Азам е четврто од седумте деца на Калил ал-Хаја, кој беше убиен во израелските напади. Сам ал-Хаја, висок функционер на Хамас во егзил, преживеа повеќе обиди за атентат.

Еден од неговите синови беше убиен минатата година во израелски напад во Доха, главниот град на Катар, чија цел беше раководството на Хамас. Ал-Хаја го преживеа тој напад. Двајца други синови беа убиени во претходни обиди за атентат врз него за време на офанзивите во Газа во 2008 и 2014 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни