Изложбата „Експериментален цртеж“ на ДЛУМ гостува во Белград

Во Македонскиот културно-информативен центар во Белград на 18 јуни 2026 во 20:00 часот ќе бидат претставени дела од 42 уметници

По успешното претставување во Музејот на Град Скопје, изложбата Друштвото на ликовни уметници на Македонија на тема „Невидливи траги“ продолжува пред белградската публика.

Во Македонскиот културно-информативен центар во Белград на 18 јуни 2026 во 20:00 часот ќе бидат претставени дела од 42 уметници, членови на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

На отворањето ќе се обратат претседателката на ДЛУМ проф. д-р Јана Манева Чупоска, претседателкат на уметничкиот совет проф. д-р Маја Рауник Кирков и директорот на македонскиот КИЦ во Белград Васко Шутаров.

„Експериментален цртеж“ е традиционална годишна изложба на ДЛУМ која ги поттикнува современите истражувања и новите пристапи во цртежот како медиум.

е-Трн да боцка во твојот инбокс