По повод 25 годишнината од почетокот на археолошките истражувања на локалитетот Големо Градиште кај с. Коњух, Кратовско, НУ Археолошки Музеј на Северна Македонија ќе отвори изложба на постери преку кои ќе се претстави локалитетот и сознанијата за истиот добиени преку овој долгогодишен истражувачки проект.
Изложбата ќе биде отворена на 24 Јуни 2024 година, во 13 часот, во ОУ Кочо Рацин, во с. Коњух, Кратово.
Покровител на изложбата е здружението Балканска Музејска Мрежа, од Сараево, БИХ.