Илјадници луѓе секојдневно го користат авио транспортот за да стигнат до посакуваната дестинација. За жал, многумина од нив на крајот од патувањето остануваат без својот куфер и се што имало во него. Логично на ова доаѓаат и прашањата од типот каде завршуваат изгубените предмети на аеродромите ширум светот.
Магацинска продавница во САД ги откупува изгубените предмети од аеродромите и потоа ги продава, а од неодамна својот бизнис го прошири и со онлаин продажба. Во тој магацин можат да се најдат предмети кои сопствениците не ги побарале и по 90 дена откако ги изгубиле на некој од аеродромите.

Сандра Сопер е само една од стотиците патници кои го изгубила својот багаж на лет од Нов Зеланд. Сепак нејзината потрага по багажот имала среќен епилог благодарение на фармацевтската белешка за терапијата која ја користела.
Сопер се обидувала со денови да стапи во контакт со Emirates и Jetstar, двете авиокомпании со кои летала, но вистинскиот пресврт настанал кога добила повик од онлајн аптека од Обединетото Кралство.
„Јас мислам дека е не етички, но и незаконски лични предмети да се продаваат без согласност на сопственикот, макар и изгубени на аеродром. Сметам дека ова е многу погрешна пракса“, вели Сандра Сопар.

Нејзниот куфер пред да заврши во магацините од каде ќе оди на продажба, од авиокомпанијата која го пронашла куферот откриле дека во него покрај се друго има и фармацевтска белешка за терапија. Не можејќи да ја исконтактираат Сопар тие се јавиле во аптеката која била наведена во белешката.
Сепак среќната приказна на Сандра ја немаат многумина. Од компанијата за препродажба на изгубени работи на аеродромите во САД тврдат дека четири милијарди торби се пријавуваат за изгубени на аеродромите и тоа секоја година.
Инаку статистиките покажуваат и дека само 0,03% од куферите не се бараат, односно никој не пројавил интерес за нива.

Компаниите кои се занимаваат со откуп и продажба на изгубени предмети посочуваат дека можеби има дел на неетичност, но и да не ги продадат тие ќе завршат на депонија.