ЦУК информира дека денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а осум пожари се изгаснати.
Активни пожари има во општина Долнени: с. Бело Поле (ниска вегетација) и с. Браилово (ниска вегетација), како и во Општина Аеродром: с. Горно Лисиче (ниска вегетација).
ЦУК информира дека се изгаснати вкупно осум пожари.
Меѓу изгаснатите пожари се и тие од околината на Скопје, односно во селото Чифлик, општина Сопиште, селото Волково општина Ѓорче Петров и селото Брњарци во општина Арачиново.
Поради високите температури, сушата и отсуство на дождови, владата прогласи кризна состојба за пожари на територијата на целата држава.