Search

Избрани најдобрите фотографии на World Press Photo за 2023

Фотографијата на палестинка која го  прегрнува телото на нејзината внука , од фотографот на Ројтерс Мохамед Салем е годинешниот добитник на наградата на World Press Photo за најдобра фотографија за 2023 година.

Од вкупно 61.062 пријавени фотографии од 3.851 фотограф од 130 земји, жирито на World Press ги избра 24-те победници во неколку категории и додели две специјални награди.

Лили Ен Олваџ

Лили Ен Олваџ од Јужна Африка е добитничка на наградата за World Press Photo Story of the Year додека Алехандро Чегара од Венецуела фотограф на Њујорк Тајмс и Блумберг, со фотографијата The Two Walls е победник во категорија World Press Photo Long-Term Project. Јулија Кочетова од Украина со фотографијата War Is Personal е добитничка на наградата на World Press Photo Open Format Award.

Јулија Кочетова

World Press Photo секоја година ги препознаваат и ги слави најдобрите фоторепортерски и документарни фотографии направени во текот на минатата година. Од разорни конфликти и политички пресврти до климатската криза и безбедното минување на мигрантите, наградените дела документираат некои од најважните прашања со кои се соочува светот денес. Ваквите важни приказни, поттикнуваат поголемо разбирање и свесност за актуелните настани, а служат и како потсетник за потребата од слобода на печатот во сите делови на светот.

Жирирањето на најдобрите фотографии се одржа во јануари и февруари 2024 година. Регионалните жирија најпрво направија избор на пријавени фотографии по категорија во нивните региони, по што глобалното жири одлучуваше за регионалните победници.
„Овие конечни избрани дела се мозаикот на нашиот денешен свет, слики за кои веруваме дека се направени со почит и интегритет, кои можат да зборуваат универзално и да резонираат многу подалеку од нивното потекло. Ова е можност да се поздрави работата на фоторепортерите која е направена со храброст, интелигенција и генијалност – и да се засили важноста на приказните што тие ги раскажуваат, често во незамисливи околности“. изјави претседателот на глобално жири World Press Photo на натпреварот 2024- Фиона Шилдс, инаку уредник на фотографија во The Guardian.



Најново

Последни колумни