Преку овој предизвик, студентите добиваат можност не само да развијат креативни идеи, туку и да ги претворат во концепти со реален потенцијал за примена.
Фокусот е ставен на тоа како дигиталниот паричник Iute Pay може да стане дел од секојдневието –прилагодено на потребите на новата генерација корисници.
Предизвикот е отворен за тимови од студенти кои ќе треба да креираат концепт за позиционирање и користење на Iute Pay, да ја раскажат својата идеја преку кратко видео од 60 секунди и да ја дополнат со едноставна презентација.
Процесот е дизајниран да биде динамичен и достапен, оставајќи простор за креативност, иновативно размислување и различни пристапи – од маркетинг стратегии, до продукт идеи.
Најдобрите концепти ќе бидат избрани преку јавно гласање, што дополнително ја отвора можноста за видливост и вклучување на пошироката јавност.
Победничките тимови ќе освојат награди до 3.000 евра, но уште поважно – ќе добијат шанса нивната идеја да биде разгледана како дел од реални кампањи и развојни процеси.
Овој повик е реализиран во партнерство со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“(ФЕИТ) во Скопје, кој ја препозна вредноста на оваа иницијатива, и тоа преку активна вклученост на студентите во развојот на платформата за јавно гласање. Нивниот придонес овозможи функционално и современо дигитално искуство, преку кое најдобрите идеи ќе бидат избрани токму од публиката.
„Веруваме дека најдобрите идеи доаѓаат кога ќе им се даде простор на младите да размислуваат слободно и храбро. Соработката со академската заедница е доказ дека заедно можеме да креираме решенија што имаат вистинско значење, отворајќи нови можности за младите да станат дел од иднината на дигиталните финансии,“ вели Александар Петковски, Извршен Директор на Iute Pay.
Иницијативата има за цел да поттикне нова генерација на креативци, иноватори и идни финтек професионалци, кои ќе размислуваат практично, дигитално и со фокус на корисничко искуство. Воедно, претставува и чекор напред кон градење подлабока врска помеѓу индустријата и младите таленти, отворајќи простор за нивно активно учество во креирање на современи финансиски решенија.
Пријавувањето на тимови е отворено до 18. мај на платформата futurefinance.iute.mk Повеќе за отворениот повик, правилата, условите и целосниот бриф се достапни тука.