Информацијата дека САД наводно разгледуваат опции за суспендирање или намалување на улогата на Шпанија во НАТО го отвори прашањето дали земја членка на Алијансата воопшто може да биде исклучена. Темата се отвори откако Шпанија се спротивстави на американските операции поврзани со Иран и не дозволи користење на нејзините бази за нападите.
Од НАТО, според објавените информации, соопштиле дека во основачкиот договор не постои одредба за суспендирање или исклучување земја членка од Алијансата.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека неговата земја е лојална членка на НАТО и дека така ќе остане.
На страната на Шпанија застанаа Италија и Германија, кои повикаа НАТО да остане обединет. Тие порачаа дека членството на Шпанија не е доведено во прашање.
Случајот ја отвора пошироката дилема за односите меѓу САД и европските сојузници во НАТО, особено во ситуации кога членките имаат различни позиции за воени операции надвор од територијата на Алијансата.