Британската вечер на 66. издание на фестивалот „Охридско лето” што се одржува со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во земjaта, денeska во црквата „Света Софиja” од 21 часот ќе донесе концерт на пиjaнистката Исата Кане-Меjсон.
Пиjaнистката Исата Кане-Меjсон е препознатлива по нejзините еклектични и стимулативни рецитални програми кои нудат интересен спој на делата на Хajдн и Моцарт, Фани Менделсон и Клара Шуман, Шопен и Брамс, како и на Гершвин и делата од современите композитори. Во репертоарот со оркестар таа изведува дела од класичниот репертоар, како концертите на Феликс Менделсон и на Бетовен, но и од романтичната ера и од 20 век, како оние на Прокофjeв и Рахманинов.
Исата е пиjaнистка во подем и е барана од страна на концертните промотори, како и од оркестрите низ светот. Во jули 2024 година е поканета да го отвори Фестивалот „Би-би-си промс”, во Ројал Алберт Хол заедно со Симфонискиот оркестар на Би-би-си и диригентката Елим Чан. Истата година настапува како солист со Младинскиот оркестар на ЕУ под диригентската палка на Иван Фишер во њујоршкиот „Карнеги Хол”.
Оваа сезона нejзиниот репертоар го вклучува Третиот концерт од Рахманинов кој под диригентската палка на Бар Авни ќе го изведе во амстердамскиот „Концертгебау” со Оркестарот на Холандското радио, а ќе настапи со Прашкиот радиосимфониски оркестар и со Петар Попелка во салата „Рудолфинум”. Ќе дебитира со Симфонискиот оркестар на Сиетл и повторно ќе застане на сцената заедно со оркестарот на Бирмингем, со Би-би-си Скотиш и со оркестрите во Детроит и во Отава.
Исата продолжува да соработува со нejзиниот брат, виолончелистот Шеку Кане Меjсон, на дуо рецитал турнeja во Европа, во Јужна Америка и во САД. Таа ќе одржи солистички концерти во „Вигмор Хол” во Лондон, во Бостон, во „Брукнер хаус” во Линц, во операта во Осло, како и во Филаделфиja.
Во 2024/25 година соработува со бас-баритонот Џералд Финли на концертите во Чешка и во Германиja, настапува рецитално на фестивалот во Луцерн, како и на турнejaта низ САД и остварува концерти со филхармониските оркестри во Лондон, Берген, Бремен и Дуизбург, како и со Симфонискиот оркестар на Северна Каролина, на турнejaта со „Штадскапеле Вajмар” и со оркестарот „Резиденциe” од Хаг.
Исата е ексклузивен уметник на издавачката куќа „ДЕКА” за коja веќе има снимено четири албуми, а последниот е посветен на музиката на Феликс Менделсон и на неговата сестра Фани Менделсон.