Техеран тврди дека Украина нападнала нивни брод, има жртви

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека еден член на екипажот загина, а друг е ранет во Каспиското Езеро.
Фото: Asif Masimov (masimovasif.net), CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Иран го осуди нападот врз својот трговски брод во Каспиското Езеро и за инцидентот директно ја обвини Украина. Според тврдењата од Техеран, во нападот загина еден член на екипажот, а уште еден е ранет. Иранските власти го оценија овој настан како чин на агресија и најавија дека ќе ги заштитат своите национални интереси и безбедноста.

По инцидентот во Каспиското Езеро, иранските државни медиуми објавија дека украинскиот дипломат во Иран е повикан на разговор во Министерството за надворешни работи. Техеран побара официјално објаснување за нападот, додека иранските власти нагласуваат дека нема да остават без одговор каква било закана за нивниот поморски транспорт.

Овој инцидент доаѓа во време на зголемени тензии меѓу двете земји поради војната во Украина. Киев веќе подолго време се бори против беспилотните летала од иранско производство што Русија ги користи во нападите врз украинската инфраструктура. Украина исто така понуди искуства за нивно пресретнување на земјите од Блискиот Исток.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно потврди дека Украина изведува удари врз воено-индустриски цели, обвинувајќи ја Русија дека добива директна воена помош од Иран, но и дека планира дополнително да вклучи севернокорејски трупи во конфликтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс