Иранската новинска агенција Фарс објави дека две ракети погодиле американски воен брод во близина на островот Џаск, откако бродот ги игнорирал предупредувањата да застане.
Агенцијата, повикувајќи се на локални извори, наведува дека воениот брод потоа се повлекол од областа.
ЦЕНТКОМ: Ниеден брод на американската морнарица не е погоден
На таквите ирански тврдења дека американски воен брод бил погоден од две ракети во близина на Ормутскиот теснец, стигна и реакција од САД.
Централната команда на САД соопшти дека „ниту еден брод на американската морнарица не е погоден“.
„Американските сили го поддржуваат Проектот Слобода и спроведуваат поморска блокада на иранските пристаништа“, се додава во соопштението.