Иран одобрил привремен план за интернет, нов модел на ограничен пристап

Иранскиот Совет за национална безбедност одобри привремен план за делумно олеснување на интернет ограничувањата. Мерката се воведува по долготрајни рестрикции, при што пристапот до интернет и понатаму останува ограничен за голем дел од населението. Целта е да се намалат економските штети, но контролата врз мрежата останува строга.

Иранскиот Совет за национална безбедност одобри привремен механизам со кој на дел од корисниците, пред сè бизнис секторот, ќе им се овозможи ограничен пристап до глобалниот интернет. 

Мерката доаѓа по период на долготрајни рестрикции и прекини во интернет-врската, кои според меѓународни набљудувачи во одредени периоди го оставиле поголемиот дел од населението со силно ограничен или речиси никаков пристап до глобалната мрежа. 

Според ирански владини извори, новиот „привремен режим“ има за цел да се ублажат економските последици од блокадите, особено врз компании, извоз и дигитални услуги, кои претрпеле значителни загуби поради рестрикциите. 

Сепак, пристапот останува селективен, што значи дека не станува збор за целосно укинување на ограничувањата, туку за контролирано враќање на интернет пристап за одредени категории корисници. 

Во последните години, Иран повеќепати применува различни форми на интернет рестрикции, најчесто со образложение за безбедносни причини, што предизвикува дебати за слободата на информирање и дигиталните права во земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни