Пар од американската сојузна држава Флорида покренал тужба против клиника за плодност откако открил дека нивното новородено дете не е генетски поврзано со нив, иако било зачнато преку вон телесно оплодување.
Тифани Скор и Стивен Милс се одлучиле на генетско тестирање откако забележале дека нивното бебе има физички карактеристики што не одговараат на нивното потекло. Резултатите покажале дека детето не е биолошки нивно.
Според нивните адвокати, до грешката дошло поради можна замена на ембрион во клиниката, односно во матката на мајката бил имплантиран ембрион кој припаѓал на друг пар.
По повеќемесечна истрага, идентификувани се биолошките родители на бебето, но нивниот идентитет не е јавно објавен.
И покрај тоа што детето не е генетски нивно, родителите изјавиле дека ќе продолжат да го одгледуваат, нагласувајќи дека емоционалната врска останува силна. Истовремено, тие бараат одговор за тоа што се случило со нивните сопствени ембриони.
Клиниката, според достапните информации, не ги оспорила тврдењата дека дошло до грешка, а случајот отвора пошироки прашања за контролите и безбедноста во процедурите за асистирана репродукција.