Search

„ИНСОМНИА“ –  спој на квир ноќниот живот и зголемувањето на свесноста за сексуалното здравје

Инсомниа претставува серија на инклузивни настани поврзани со ноќниот живот кои го спојуваат славењето на квир културата и потребата за јасни пораки поврзани со јавното здравство. Серијата првично беше лансирана од страна на Стефан Петровски и Здружение за поддршка на луѓето кои живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ. 

Овие забави ги спојуваат ноќниот живот и грижата за јавното здравје преку нудење на ХИВ-тестови за време на самите настани. Целта е да се промовира ХИВ-тестирањето во една неосудувачка и нестигматизирачка средина намалувајќи ги бариерите при пристапот до тестирањето. 

Првата забава нудеше можност секој посетител да подигне сет за самотестирање кој може да го направи од комфорот на својот дом, додека втората го носи тестирањето на самиот настан. Секој посетител ќе може да направи ХИВ-тест пред настанот или за време на истиот со цел да добие бесплатна влезница, а тимот на Здружение ЗАЕДНО ПОСИЛНИ ќе биде присутен да го фасилитира процесот и да понуди поддршка во врска со превенција на ХИВ вирусот.

Следната ваква забава е закажана на 14 јуни со загревање од 21 часот во во ShortBus со NastasyaKish која ќе ја постави атмосферата со својата музика. Главниот настан почнува во 23:59 во Зеленика со музиката на Еми Ермилова, продолжува со динамичниот сет на берлинскиот ди-џеј 131bpm кој ја носи репутацијата од својата резиденција во Milan’s Vitamina и Body Language лоциран во Берлин. Вечерта кулуминира со завршниот сет на Stefan Strange кој првично ја започна приказната за Инсомниа.

Настанот е поддржан од Европската унија и Ред бул. 

Најново

Последни колумни