Овој уред во вашиот дом троши повеќе и од фрижидерот и машината за перење

Истражување на шведската Агенција за енергетика открива дека индукциската плоча троши далеку повеќе струја од вообичаените кујнски сомничавци.

Индукциската плоча за готвење троши до трипати повеќе струја во текот на годината во споредба со фрижидерот или машината за алишта, покажуваат податоците од истражувањето на шведската Агенција за енергетика. Иако граѓаните најчесто ги обвинуваат уредите што работат постојано или перат на високи температури, токму плочата со својата огромна моќност станува главен двигател на високите месечни сметки.

Индукциските плочи имаат моќност која најчесто се движи меѓу 1.000 и 3.000 вати. Тоа значи дека дури и кога се користат кратко, тие повлекуваат огромно количество енергија од мрежата.

Шведската енергетска агенција пресмета дека секојдневно користење на индукциската плоча во просек од само еден час прави годишна потрошувачка од околу 1.200 киловат-часови. Во услови на скапа електрична енергија, ова прави директен и забележителен удар врз семејниот буџет. За споредба, современите фрижидери и машини за перење трошат значително помалку на годишно ниво поради енергетските стандарди што производителите мораат да ги почитуваат.

Од шведската Агенција за енергетика препорачуваат рационален пристап при подготвувањето храна и избор на енергетски поефикасни садови и решенија каде што е изводливо.

Намалувањето на времето на загревање и готвењето со соодветни капаци на садовите ја намалува непотребната потрошувачка. Со оглед на тоа што овој апарат се користи речиси секој ден, секоја заштедена минута директно влијае на крајниот износ што пристигнува за наплата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс