Турканици и карамбол на Табановце, хаос поради проверките за казни за брзо возење

Снимките од камерите на граничниот премин Табановце сведочат за хаосот кај граничниот пункт: револтирани возачи влегоа во физичка пресметка додека чекаа проверка за казни.

Вистински хаос се случува на граничниот премин Табановце, на самата точка каде што полициските служби вршат проверки за пречекорувања на брзината. Инцидентот, кој е забележан на камерите на граничниот премин, изби за време на големите сообраќајни метежи кога револтирани граѓани влегоа во судир околу ред за преминување. Полицијата интервенираше за да спречи поголем ескалирачки судир.

Големите сообраќајни метежи на граничниот премин Табановце ескалираа во отворен физички судир меѓу неколку возачи. Конфликтот започнал како вербална караница околу првенството на поминување и почитувањето на редот, а брзо потоа премина во физичка пресметка и турканици меѓу учесниците во сообраќајот.

Инцидентот се случи на самата локација каде што полицијата има поставено пункт за проверка дали возачите ја почитувале брзината на движење при престојот во државата. Наместо забавување и рутинска контрола, тесното грло на патот предизвика дополнителна нервоза меѓу оние кои со часови чекаат во колоните за излез и влез во државата.

Очевидци наведуваат дека нервозата на граничниот премин е присутна со денови поради зголемената фреквенција на возила и полициските проверки кои дополнително го забавуваат протокот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс