Илјадници граѓани на плоштадот во Скопје одаваат почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

Илјадиници граѓани, претежно млади луѓе, се собраа на плоштадот Македонија во Скопје. Тие со светилки од мобилни телефони означуваат почит кон жирвите од трагедијата.

Пораките кои ги упатуваат се дека системот толку многу ги загрозил што не се чувствуваат безбедно ни на улица, ниту во клуб.

Кај сите присутни на собирот на плоштад се забележува разочарување. Дел од присутните веруваат дека работите може да се променат на подобро, но дел се разочарани и не веруваат во промени.


На протестот се присутни телевизии од соседните држави и меѓународни агенции, кои пренесуваат во живо.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни