Безживотно машко тело најдено на плажа во Струга

Доктор констатирал смрт без траги на насилство, а утврдено е дека се работи за 20-годишниот С.С. од струшкото село Октиси

Полицијата попладенво соопшти дека до нив било пријавено дека кај „Машка плажа“ во водите Охридското Езеро било забележано безживотно машко тело.

„Доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство, а од преземените мерки, утврдено е дека се работи за 20-годишниот С.С. од струшкото село Октиси. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот“ информираат од СВР Охрид.

На лице место излегол и дежурен јавен обвинител, а телото ќе биде даде на обдукција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс