Икарус и ЕВН повторно избрани за набавката на електрични автобуси

Фото: Srđan Popović, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Министерството за транспорт и врски денеска ги објави резултатите од повикот за јавната набавка на 150 електрични автобуси.

Според одржаната електронска аукција, најниска цена доставила компанијата IKARUS Electric Zrt во заедничката понуда со EVN и тоа од 3 120 956 004 денари дез ДДВ, односно 19 796 924 денари без ДДВ по единица автобус и 2 018 899 без ДДВ по единица станица за полнење.

На тендерот се јавиле вкупно четири понудувачи.

„Икарус“ со заедничка понуда со австриската ЕВН, победи и на претходниот тендер, но истиот потоа беше поништен поради неправилност во постапката.

По склучување на Договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:  

-30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот

– 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот

-60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот, соопштија денеска од Министерството за транспорт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс