ISW: Путин е исклучен од реалноста

Искривената слика на Путин за ситуацијата на бојното поле останува одвоена од реалноста на одбранбените капацитети на Украина

По средбата на Владимир Путин со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пораката од Кремљ јасно стави до знаење дека Москва и натаму е неподготвена да прави компромиси околу своите максималистички барања за прекин на војната.

Меѓу клучните барања е Украина да се повлече од целиот регион Донецк, вклучувајќи ги и областите што Русија моментално не ги контролира. Според достапните информации, Путин им поставил на своите сили, како што велат аналитичарите, петнаесетти рок за освојување на целиот регион, наредувајќи им да го сторат тоа до крајот на оваа година.

„Институтот за проучување на војните смета дека тој рок и тврдиот став на рускиот претседател во преговорите е последица на неоговите искривени слики околу реалната ситуација на бојното поле. Дополнително и руската војска постојано го дезинформира Путин за состојбата на боиштето“ наведуваат аналитичари.

„Со сегашното темпо, Русите нема да го окупираат регионот Донецк до 2032 година.“

„Лагите и искривувањата од страна на руските воени команданти на различни нивоа веројатно го наведуваат Путин да го засили своето верување дека руските сили можат да ги постигнат своите цели во регионот Донецк до крајот на 2026 година и дека затоа не мора да се согласи на никакви компромиси во своите барања“, истакнуваат аналитичарите.

„Искривената слика на Путин за ситуацијата на бојното поле останува одвоена од реалноста на одбранбените капацитети на Украина, сопствените деградирани офанзивни капацитети на Русија и тешкиот и огромен терен што руските сили сè уште мора да го поминат за да ја постигнат неговата стратешка цел во регионот“, забележуваат тие.

Аналитичарите, исто така, изразуваат сомнежи за можноста руските сили да ја постигнат целта на Путин во регионот Донецк дури и по истекот на неговиот мандат. „Руските сили нема да ја освојат Донецката област до 2032 година ако продолжат да напредуваат со сегашното темпо, под услов воопшто да успеат да ја освојат“, заклучуваат тие.

е-Трн да боцка во твојот инбокс