Хрватска се подготвува за големи поплави

Има повеќе од 300 луѓе на терен, а пратени се повеќе од 10.000 вреќи со песок на кејот на Дунав

Циклонот „Борис“ продолжува да се заканува во Европа. Водостојот на реките и понату расте, а Хрватска е една од земјите која е во опасност поради Дунав, пренесуваат хрватските медиуми.

„Имаме мапи за ризик и опасност од поплави. Сигурно ова е една од петте најголеми поплави во историјата и може да се спореди со 2013 година. Но сите ние се бориме против тоа и неуморно работевме, дење и ноќе. Сега има повеќе од 300 луѓе на терен, а пратени се повеќе од 10.000 вреќи со песок на кејот на Дунав“, изјави генералниот директор на „Хрватски води“, Зоран Ѓуроковиќ, коментирајќи ја можноста од поплави и водостојот на реките.

Во моментов смета тој, нема недостиг од материјал, ниту од работна сила. Хрватска, како што рече, е подготвена да се справи со поплавите, без разлика на зголемениот ризик. Исто така, предвидува дека ниту една населена област не треба да биде загрозена.

„Имавме доволно време бидејќи бранот вода патува седум дена до Хрватска. На сите луѓе им беше предложено колкаво ниво на водата може да се очекува, а обезбедивме и луѓе и ресурси. Од недела кога ќе ги завршиме сите активности, главен фокус ќе бидат насипите затоа што не смеат да попуштат“, смета Ѓуроковиќ.

На прашањето како може ситуацијата да се избегне и да се стави под контрола, тој вели:

„Тешко е да се надградат системите. Традиционално се прават. Проблемот е да се направат десет километри насипи, а само во Хрватска имаме 4.100 километри насипи. Во моментот кога имате најава за екстремни околности не е можно да ги надградиме насипите, ако тоа не беше направено со години пред тоа, да се прилагоди на климатските промени и да се направи се за да се осигура дека дел од водата е безопасна од излевање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни