Хелмут Кол и Франсоа Митеран – фотографија која ја одбежа иднината на пријателство и соработка меѓу Германија и Франција

Фотографијата на двајцата лидери на која се држат за рака за време на свеченоста на 22 септември 1984 година, по повод 70 годишнина од почетокот на Првата светска војна е иконско и возбудливо сведоштво и беше водечка вест тогаш во светските медиуми
Historical gesture: French president Francois Mitterand (l) and chancellor Helmut Kohl reach out their hands to each other above the graves of Verdun on 22 September 1984.

На денешен ден, на 22 септември во 1984 година, германскиот сојузен канцелар Хелмут Кол и францускиот претседател Франсоа Митеран се сретнаа во Вердун и двајцата лидери, фатени рака со рака го одбележаа историскиот настан и трогателното сеќавање на Вердун како бојно поле од Првата светска војна.

Сојузниот канцелар Кол и претседателот Митеран изведоа симболичен акт на единство. Оваа средба од историско значење покажа дека Германија и Франција се решени да ги надминат непријателствата од минатото и да создадат иднина на пријателство и соработка.

Во годините потоа Кол и Митеран вложија сериозни напори за зајакнување на повоените односи меѓу Франција и Германија и ја истакна важноста на мирот меѓу нивните народи во потрагата по европска интеграција.

Фотографијата на двајцата лидери на која се држат за рака за време на свеченоста на 22 септември 1984 година, по повод 70 годишнина од почетокот на Првата светска војна е иконско и возбудливо сведоштво и беше водечка вест тогаш во светските медиуми.

Како признание за нивната работата на полето на француско-германските односи, во 1988 година заедно ја добиваат наградата „Карло Велики“, која се доделува за заслуги за изградба на обединета Европа.

Во својот говор за прифаќање, Хелмут Кол ги истакна заедничките работи меѓу Франција и Германија кои послужиле како основа на целиот проект на ЕУ, почнувајќи од Европската заедница за јаглен и челик во 1951.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни