Халкбанк со поддршка за малите бизниси: Бесплатен дигитален ПОС за првите 50 компании од Битола

Микро, малите и средните компании од Битола и Пелагонија ќе можат без трошоци да воведат современ систем за безготовинско плаќање. Промотивната кампања е дел од иницијативата „Cashless Bitola“ и трае до 31 август.
Screenshot

Халкбанк се приклучи на иницијативата „Вредноста на безготовинското плаќање – Cashless Bitola“, со која на микро, малите и средните претпријатија им овозможува полесен пристап до современи решенија за дигитална наплата.

Во рамки на кампањата, првите 50 компании од Битола и Пелагонискиот регион што ќе аплицираат ќе добијат можност три месеци бесплатно да го користат ХалкМоби ПОС (Soft POS), без месечна провизија за одржување и без провизија за реализирани трансакции. Дополнително, ќе добијат и Visa Business Debit дебитна картичка без годишна членарина во првите 12 месеци.

Кампањата започна на 15 јуни и ќе трае до 31 август, а се реализира во соработка со Visa, Министерството за дигитална трансформација и други партнери од индустријата.

Телефонот станува ПОС терминал

Со услугата ХалкМоби ПОС, класичниот ПОС терминал повеќе не е неопходен. Android мобилен телефон или таблет со NFC технологија може да се претвори во уред за бесконтактна наплата, овозможувајќи им на трговците да прифаќаат плаќања каде и да работат.

Клиентите можат да плаќаат со платежни картички, но и со мобилен телефон, паметен часовник, прстен, алка или друг уред што поддржува бесконтактно плаќање. Трансакцијата се реализира за само неколку секунди со едноставно доближување на уредот до телефонот на трговецот.

Современо решение за секој бизнис

Новото решение е наменето за компании кои сакаат да понудат поголема флексибилност и подобро корисничко искуство без дополнителни инвестиции во опрема.

Со ХалкМоби ПОС, трговците можат да наплатуваат во продавници, на пазари, саеми, при теренска работа или при достава, што им овозможува полесно и поефикасно работење во услови кога безготовинските плаќања стануваат секојдневна потреба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс