Во текот на вчерашниот ден во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице, информираат од СВР Охрид
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото не биле забележани видливи повреди.
Со преземените мерки било утврдено дека станува збор за 46-годишниот Б.Д. од Грузија, кој бил на летен одмор во Охрид.
Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, додаваат од СВР Охрид