Грав или наут- која намирница има повеке протеини?

Гравот и наутот се богати со растителни протеини и влакна. Дознајте кои се главните разлики и која мешунка има мала нутритивна предност.

И двете мешунки се одличен извор на растителни протеини и влакна, но постојат мали разлики во нивниот нутритивен состав што може да влијаат на изборот во секојдневната исхрана.

Гравот и наутот се меѓу најздравите растителни намирници бидејќи обезбедуваат голема количина протеини, влакна и важни витамини и минерали. Иако разликите меѓу нив не се големи, гравот има мала предност кога станува збор за содржината на протеини и влакна.

Една порција варен грав содржи околу 15 грама протеини, додека истата количина наут обезбедува околу 14,5 грама. И двете намирници придонесуваат за подолго чувство на ситост, помагаат во одржување на мускулната маса и се добар избор за луѓето кои сакаат да внесуваат повеќе растителни протеини.

Освен протеините, гравот е побогат и со влакна, кои придонесуваат за подобро варење, регулирање на нивото на шеќер и холестерол во крвта и го поддржуваат здравјето на срцето. Од друга страна, наутот содржи повеќе железо и цинк, минерали важни за имунитетот, создавањето црвени крвни зрнца и нормалното функционирање на организмот.

Експертите потсетуваат дека растителните протеини не ги содржат сите есенцијални аминокиселини во доволни количини. Затоа се препорачува во текот на денот да се комбинираат со интегрални житарки, јаткасти плодови или производи од соја за да се обезбеди целосен аминокиселински состав.

И гравот и наутот лесно можат да се вклучат во секојдневното мени како додаток во салати, чорби, намази или како замена за месо. Доколку не сте навикнати на исхрана богата со влакна, се препорачува нивното внесување да биде постепено за да се избегнат дигестивни непријатности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс