Град Скопје најави дека утре, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Акцијата ќе се реализира доколку временските услови го дозволат тоа. Доколку прскањето не може да се изврши утре, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин.
Од Град Скопје апелираат до пчеларите навреме да ги заштитат пчелите, бидејќи препаратите што се користат при прскање против комарци може да им наштетат доколку кошниците не се соодветно обезбедени.