Search

Град Скопје е дел од проектот „CreArt 3“- Мрежа на градови за уметничко творештво

Град Скопје е составен дел од меѓународниот проект CreArt 3 (Network of Cities for Artistic Creation )-Креарт или Мрежа на градови за уметничко творештво, што претствува европска мрежа која обединува 13 градови и од јавни и приватни културни институции.

Со овој проект се внесуваат иницијативи во културниот живот во Скопје во полето на визуелните уметности преку воспоствување на нови меѓународни партнерства и размени, а истовремено им овозможува учество на уметниците и кураторите од Скопје во програмските активности, да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми кои се оддржуваат во јавни и приватни културни институции во градовите-партнери во проектот.

Програмските активности во период 2024-2026 ќе се реализираат со Мрежа на градови за уметничко творештво, Културно информативен центар – Скопје, Младински Културен Центар иCreArt. Network of Cities for Artistic Creation

Најново

Последни колумни