Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола

Во гаснењето учествуваа струмичките пожарникари, екипи од околните градови, како и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Според градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, нема поголеми материјални штети, иако огнот во еден момент навлегол и во дворовите на куќите и викендичките во Софилар.

Големиот пожар што избувна вчера околу пладне и се прошири кон Струмица, до месноста Софилар, е ставен под контрола, информира командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница до Софилар, а активно горење има само на едно тешко пристапно место во Водоча.

Во гаснењето учествуваа струмичките пожарникари, екипи од околните градови, како и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Според градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, нема поголеми материјални штети, иако огнот во еден момент навлегол и во дворовите на куќите и викендичките во Софилар.

Во акцијата била ангажирана и механизација на ЈПКД „Комуналец“, како и на други компании, кои работеле на пробивање противпожарни појаси. Ситуацијата засега е под контрола, но екипите остануваат на терен поради опасност од повторно активирање на огнот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс