Гламурот на Олимписките Игри во Париз

Најелитните спортистки во светот се натпреваруваа на Олимпијадата во Париз во 2024 година. Но не беше само трката за медали таа која ги красеше насловните страни на магазините. Игрите во Париз ни донесоа и многу убавина, многу гламур, совршени маникир и шминка.

Од маникирот на златната девојка на тимот од Велика Британија, Кили Хоџкинсон, инспириран од накитот на Силви Мекмилан, до гимнастичарката Суниса Ли која го поправа нејзиниот кармин гледајќи се во телефонот со футролата од Роуд на Хејли Бибер, Симон Билс, која ја нанесува својата пудра Fenty и лајнер за усни NYX … Ова се само некои од моментите на убавина кои заслужуваат место на подиумот.

Суниса Ли го поправа карминот гледајќи се во телефонот со футролата од Роуд на Хејли Бибер

Атлетичарката од тимот на Велика Британија Кили Хоџкинсон, подготвена да освои злато

Победнички маникир на Кили инспириран од накит

Црвениот кармин на рагбистката на тимот на САД, Илона Махер

Гимнастичарката Симон Билс, која додека се подготвува да ја смени историјата на спортот, ја нанесува својата пудра Fenty и лајнер за усни NYX

Графички светкав молив за очи и соодветни нокти за бразилската гимнастичарка Ребека Андраде, добитничка на златен медал

Спринтерката на тимот од САД, Ша’Кари Ричардсон го покажа својот препознатлив украсен маникир

Спринтерката Мелиса Џеферсон носи забавен додаток за коса за финалето на 100 метри

Тринити Родман од фудбалскиот тим на САД со розови плетенки за да одговараат на нејзиниот комплет

Акоко Комланви од Того со нејзините плетенки инспирирани од боите на знамето

Германката Леа Софи Фридрих во трка за златниот медал

Бисерни додатоци за коса и патриотска уметност за нокти на носителката на златниот медал Ноа Лајлс


Текстот и фотографиите се превземени од Вог

Најново

Последни колумни