Ѓоковиќ со пофалба до Ѓорчевска: Ќе дојдам во Македонија за спектакл

Ѓоковиќ не го крие задоволството од тоа што најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше на главниот турнир на Вимблдон

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш ја покажа својата силна поддршка за спортистите од регионот.

Ѓоковиќ не го крие задоволството од тоа што најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше на главниот турнир на Вимблдон.

Тој директно од Вимблдон испрати порака со охрабрување за Лина во изјава за „Макфакс“. Српскиот ас истакна дека е добро запознаен со нејзината работа и дека будно ги следи нејзините настапи, посакувајќи и среќа и успех во претстојниот голем предизвик, што сигурно ќе биде дополнителен мотив за македонската тенисерка.

„Да, го испратив нејзиниот настап од пред два дена кога се квалификуваше. Големи честитки за неа и за македонскиот тенис, како што рековте ја испиша својата историја на овој Вимблдон. Се надевам дека ќе може да им ги отвори вратите на младите и ќе им покаже на куѓето од Македонија, кои имаат желба да успеат, дека се е можно“

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс