Ѓоковиќ со победа го отвори Вимблдон, во второто коло го чека Циципас

Следен противник на српскиот ас ќе биде грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на Вимблдон, откако во првото коло го совлада кинескиот тенисер Ву Јибин со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:4, 6:4). Осмиот тенисер на светот до победата стигна по три часа и 12 минути игра.

Ѓоковиќ уште во првиот гем од воведниот сет направи брејк, предност што успешно ја зачува до крајот за водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет двајцата тенисери сигурно ги освојуваа своите сервис-гемови сè до 12. гем, кога Ву направи брејк и со 7:5 израмни на 1:1 во сетови.

Во третиот сет повторно немаше многу шанси за брејк, а седумкратниот шампион на Вимблдон го зададе клучниот удар во деветтиот гем. Потоа сигурно сервираше за 6:4 и повторно поведе. Истото сценарио се повтори и во четвртиот сет. Ѓоковиќ направи брејк во деветтиот гем за 5:4, а потоа на свој сервис ја искористи првата меч-топка и го завери пласманот во второто коло.

Следен противник на српскиот ас ќе биде грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс