Новак Ѓоковиќ ја освои седмата титула на турнирот во Пекинг, откако Алекс де Минор поради повреда го предаде финалето. Српскиот тенисер го доби првиот сет со 7:6, со 7:3 во тајбрејкот, а Австралиецот се повлече откако поведе со 1:0 во вториот сет.
Де Минор имаше проблем со левата нога и не можеше да го продолжи мечот. Медицинска помош во текот на финалето побара и Ѓоковиќ.
Со триумфот, 39-годишниот Ѓоковиќ стигна до 102. титула во кариерата и ја продолжи неверојатната низа во Пекинг: 34 победи без ниту еден пораз. Воедно, ова е негова 21. последователна сезона во која освоил најмалку еден трофеј.
Неговата доминација на овој турнир започна во 2009 година. Пред годинашниот успех, трофејот го освојуваше во 2009, 2010, 2012, 2013, 2014 и 2015 година, а сега се врати со нова шампионска завршница по пауза од 11 години.