Најчудната железничка пруга во Германија води до остров со само дваесетина жители

Необична теснолинејска железница во Германија поврзува мал остров со копното. Пругата минува низ Ваденското Море и има интересна историја.

Во северниот дел на Германија постои необична теснолинејска железница која води до малиот остров Нордштрандисхмор, каде живеат само околу дваесет жители. Оваа пруга, позната како „Лоренбан“, е долга околу 3,5 километри и минува низ Ваденското Море, поврзувајќи го островот со копното и местото Белтрингхардер Ког.

Железницата била изградена во 1934 година за транспорт на материјали потребни за зајакнување на заштитните насипи на островот. Во минатото вагоните биле придвижувани од ветер, додека денес функционираат со дизел погон. Освен за работни потреби, пругата сега им служи и на жителите за секојдневен превоз.

Интересно е што дел од семејствата на островот поседуваат сопствени мали вагони со кои ги пренесуваат намирниците и другите потреби. Пред изградбата на железницата, жителите често биле целосно отсечени од светот за време на силни бури и невреме.

Островот Нордштрандисхмор се наоѓа во рамките на националниот парк Шлезвиг-Холштајн Ваденско Море, познат по богатата флора и фауна. Иако патувањето со оваа необична железница трае кратко, пејзажите што ги нуди се навистина впечатливи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс