Денес, во пресрет на состанокот на министрите за финансии на групата Г7 во Париз, Германија предупреди на тешките економски последици што би ги предизвикала војната во Иран и евентуалната блокада на Ормутскиот теснец. Германскиот вицеканцелар и министер за финансии Ларс Клингбаил изјави во пресрет на своето патување во Париз дека војната е „сериозна закана за глобалната економија“ што предизвикува огромна штета на економскиот развој.
Тој нагласи дека мора да се направи сè за „трајно завршување“ на конфликтот, стабилизирање на регионот и обезбедување слободни поморски патишта. „Нашиот пат како Европејци е јасен: ние даваме приоритет на соработката, а не на конфронтацијата“, рече Клингбаил, како што објави германската агенција ДПА.