Генетичарите на прагот да ги „оживеат“ волнестиот мамут, тилацин и птицата додо

Американската компанија Colossal BioSciences, пионер во областа на генетичкиот инженеринг, собра 200 милиони долари во најновото финансирање за да ги продолжи своите амбициозни проекти на де-изумирање, односно враќање на изумрените видови во природата. Меѓу овие видови се волнестиот мамут, тилацин (познат и како тасмански тигар) и птицата додо, симбол на биолошката разновидност која исчезнала поради човечката интервенција.

Компанијата, со седишта во Далас и Бостон, од своето основање во септември 2021 година, веќе собра вкупно 435 милиони долари, а нејзината актуелна проценка на вредноста изнесува 10,2 милијарди долари. Оваа сума се користи за развој на најсавремени технологии во генетичкиот инжењеринг, кои имаат потенцијал не само за оживување на изумрените видови, туку и за зачувување на загрозените видови и подобрување на човечкото здравје.

Првиот чекор во секој проект на де-изумирање е идентификација и анализа на зачуваниот генетски материјал од изумрените видови. Colossal веќе постигнала значителен напредок во оваа област, создавајќи најкомплетни геномски мапи за волнестиот мамут, тилацин и птицата додо. Со помош на модерни технологии и научни тимови од САД и Австралија, компанијата ги користи генетските секвенци на овие видови како шаблон за нивен враќање.

Процесот вклучува иновации во областите како што се геномиката, инжинеринг на клетки, репродуктивни технологии и вештачка интелигенција. Научниците на компанијата развиваат матични клетки и технологии потребни за реконструкција на физичките карактеристики на видовите, како што се крзното и кљовите на мамутот, карактеристичните црти на лицето на птицата додо или уникатните шари на телото на тилацинот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни